Информативни содржини
Тетоважи галерија
Најчесто поставувани прашања
Новости во тетовирањето и пирсингот
Контакт информации

     
     

     
     

       
       

Bridge пирсинг

Bridge пирсинг спаѓа во групата на пирсеви на телото и се наоѓа,односно се пирса мостот на носот,најчесто директно меѓу очите.Во зависност од количината на “слободна” кожа на тоа место, толку и ќе трае зараснувањето,во случаи каде има многу малку кожа трае исто како површинското пирсање.

Овој вид на пирсање користи најчесто прави barbells, иако превитканите barbells е можно да се постават тука.Штом заздрави пирсаното место може да ги менувате видовите на пирсеви и дури да ставите и прстен пирс,но веќе ако сте се одлучиле за таков пирс најдобро е да ставите ос стилот на D-прстените.

И за крај не обрнувајте внимание на урбаните легенди(озборувања),дека од овој вид на пирсање ако здобиете инфекција таа се шири преку синусите до мозокот.Значи Bridge пирсингот спаѓа  во помалата група на пирсање и како таков носи мали ризици на инфекции.

Пирс на образ
Пирсот на образ е пирс на лицето кој проаѓа низ(или се наоѓа на) образите.Пирсот кој патува по кожата на лицето и не навлегува во усната празнина е површински пирс,сличен како анти-веѓа пирсот.Често се поставува во симетрични парови и тоа најчесто во празнините на образите.Всушност ова е невообичаен пирс.

Пирсот на образ е рамен labret stud, тип на barbell пирсовите.Рамниот грб на овој вид пирс дозволува комфорт и слобиода без да се повреди забите и непцото.Украсни се само краевите,се разбира по желба, а должината зависи од тоа кога се пирса образот,т.е на почетокот се ставаат подолги шипки за подоцна да може и помали.

Пирс на усни

Пирсот на усни е пирсање на телото, т.е. пенетрација на усните или најчесто областа околу усните.Усните и околината на усните може да биде испирсана на многу начини и различни местоположби.

Писаното место на усните или околу нив во повеќето случаи заздравува многу брзо,иако стреба да се покаже екстра грижа особено околу процесот на заздравувањето кога ќе користите храна,и течности како и чад од цигари ако сте пушач.

Последици по здравјето
Повеќето пирсови кои се ставени на усните или околу нив имаат потенцијал да ги повредат непцата или да ги оштетат забите!Тоа се разбира ако не се носи пирсот кој одговара за тоа место, или пак ако е лошо наместен,т.е ставен пирсот!Забите може да бидат оштетени, бидејќи дел од пирсот е од внатрешната страна на устата,при говорење,жвакање или други слични активности.За време на заздравувањето на пирсаното место треба да се избегнува оралниот секс и францускиот бакнеж, за да се избегне можност од настанување на инфекции.

Типови на пирсови на усните

Пирсањето на усните може да биде извршено секаде околу усните,вообичаено се избегнува површината (црвениот дел) на  усните!
Пирсот ставен на одредени места има и одредено име
* Алка на усните
o Off-Center
o Ring Labret                   
* Labret
* Vertical Labret
* Horizontal Lip Piercing
* Lowbret
* Vertical Lowbret
* Lip Plates
* Madonna/Monroe
* Medusa

Пирс на веѓа!

Пирсот за веѓа првпат се појавува 1980 г. И неговата популарност расне од тогаш се повеќе и повеќе.Пирсовите за веѓа се единствени кои немаат некое симболичко значење кое се поврзува со нив!
Тие се покажаа како најпријателски од пирсовите за лице,не се болни кога се ставаат,многу е лесна грижата за нив и изгледаат многу убаво во повеќето случаи!

Пирсовие на веѓа се површински и го имаат истиот период на заздравување како и сите површински пирсови.Вообичено треба од 6-8 недели да заздрави,но тие лесно се иритираат,најчесто од најобичен контакт со пирсаната површина кое мже да доведе до пролонгирање на заздравувачкиот процесИсто така шминката или некои креми кои се користат за лицето може да го иритираат тоа место,дури и може да се инфицира од нив.Заздравуваат воглавно без компликации ако го одржувате местото чисто,и без допирање со валкани раце,и се разбира одреден период без шминка и косата да допира на лицето.Ако е иритирано пирсаното место тоа може да отече и да се направи оток исполнет со течност или мозолче(грутче) на самото дупче.Раствор од топла солена вода може да го реши тоа ако при тоа неколку пати дневно го миете иритираното место.(Ако оток настане првите неколку дена тоа најверојатно не е иритација).

Пирсот на веѓа,ни кажува самиот збор, се става на веѓата и тоа најчесто вертикално.Овој вид пирсање е најчесто,може да биде изведено на кое било место по работ на веѓата,на самиот почеток на веѓата,како и над самото око!

Пирсањето на веѓата варира од пирсер на пирсер,и се разбира сето тоа зависи и од типот на кожата на клиентот.Значи, откако ќе се исчисти и маркира местото,со специјална клешта се приклештува кожата околу местото кое е обележано,и на вашето издишување вие веќе ќе бидете испирсани,при што се вадат клештите и на задниот дел на иглата за пирсање се става пирсот.
Некои пирсери пирсањето го прават со слободна рака,што значи дека тие ти ја штипнуваат кожата со своите прсти,наместо да користат клешта-штипка.Ова може малце да го оддолжи времето на пирсање,но затоа пак после тоа се намалени шансите о      д појава на модринки и оток од пирсањето.А бидејќи клештата-штипалка е најнепријатниот дел од процесот на пирсањето,техниката на слободна рака е помалце трауматска да се издржи.Така да техниката на изведување сепак ќе зависи од работата на вашиот пирсер и од вашето тело!Ниедна од тие две не е погрешна и двете даваат одлични резултати!

Пирсаното место може благо да отече после пирсањето,а случаите на модрица или крварење се многу ретки,дури и помодрување на окото.(Во овие ретки случаи спаѓаат луѓето кои лесно помодруваат,чија крв е слаба и пијат лекарства,приближување на ментруалниот циклус или други особености).Не очекувајте тоа да ви се случи,но и ако се случи НЕ очајувајте!На отокот држете ладни облози,дозволете лесен пероток на крвта,што значи повеќе перници во текот на спиењето.Тие денови избегнувај работи кои ја ослабуваат крвта(Алкохол,аспиринстимуланти и сл.Најчесто каков било оток за ден-два ќе го снема,за разлика од модринките кои треба повеќе дена. With bleeding, swelling or bruising, the more you mess with it, the worse it will get and the longer it will last. Relax and let it heal.

Додека некои пирсови на веѓа траат неколку години,повеќето пирсови почнуваат да зараснуваат после година или две.Тоа значи дека постепено,слој по слој, кожата зараснува ,се формираат нови слоеви кожа кои се доближуваат се повеќе до површината на пирсот.Така да со тек на време многу од пирсовите се истиснати од кожата!Ова не значи дека тој што ве пирсал го направил то а погрешно,но има некои трикови кои може да го зголемат овој период.Одбивањето на пирсот е начин на кој се справува вашето тело со неговото поставување во кожата.Што подобро и повнимателно го чувате толку подолго и ќе трае,играњето со него,тргањето,принудувањето да лежи рамно,ако му дозволите да се инфицира и да го лечите со јаки хемикалии ,може да предизвикаат да зарасне побрзо.Носењето на пирсови кои се премногу тенки,тесни или пак многу тешки исто така го забрзуваат одбивањето на писот од кожата.Кога ќе ви зарасне дупчето и ако вие сеуште си го сакате пирсот,тогаш и9збушете се повторно а местото на кои сте биле бушени со текот на времето ќе се повлече,т.е ќе исчезне.(неколку месеци)

Пирсот на веѓа вообичаено треба да тежи од 14г до 16 грама.Видови на пирсеви кои се користат за веѓа се-
Преферираме од свитканите барбелс за разлика од правите кои ја затегнуваат кожата и може побрзо да доведат до исфрлањето на пирсот од кожата.Свитканиот барбел оди подлабоко во кожата и на тој начин добро налегнува во кожата.А ако ви треба да го сокриете пирсот кога ќе заздрави после бушењето,тогаш за тоа се најдобри акрилните пирсови кои се достапни во црна боја и безбојни (прозирни).

Крајниот изглед на вашиот пирс ќе зависи не само од начинот на кој е ставен него и од изборот на пирсот.Ставен на втората третина од веѓата ќе направи вашето око да изгледа пошироко и поотворено,пирсањето кон внатрешноста на вешата поблиску до мостот на носот, прави силен впечаток и доаѓа до голем израз.Најчесто се става значи на втората третина од веѓата,веднаш после аркадата или веднаш над работ на ирисот.Исто така и аголот на попставеноста на пирсот може да се приспособи,од скоро вертикално до драматично дијагонално.Вертикално поставениот пирс си привлекува внимание самиот на себе си, а не на лицето.Кога пак користите агол кој покажува кон усните,тој ќе привлече внимание на утата или пак на украсниот пирс.

Анти-пирс на веѓа
Анти-пирс на веѓа е варијанта од стандардниот пирс на веѓа со поставување на пирсот на долниот дел од окото,над јабучиците.Овој вид на пирсови се поповршински од стандардниот како и одбивањето од кожата е почесто.Се користат вообичаените пирсови за веѓа иако е невообичаено местото и се разбира на ризик од изместување и исфрлање од кожата!

 

Пирсање на гениталиите

ЖЕНСКИ ГЕНИТАЛИИ

  1. Labia: Жените од Тракија ја пирсале на labia(усните) и ставале мало ѕвонче да виси од нивната labia за да го привлечат својот партнер.
  2. Clitoris:  Ова е модерна техника која се извршува за да се подобри и продолжи женскиот оргазам.

ЖЕНСКИТЕ ГРАДИ
Во 14 век Баварските жени ставале низ пупката на градите  алки со дијамант а низ алката ставале златни синџири.

МАШКИ ГЕНИТАЛИИ
Главната причина за која се става овој пирс е зголемувањето и продолжувањето на сексуалната возбуда,како и иницирање за преоѓањето во возрасни мажи!

1. Dydoe:  ова е пирс кој е поставен на челната грпка(бразда) на пенисот.Овој пирс е застапен во Југо-источна Азија и Индија и треба за впреме на полниот однос да го зголеми женското задоволство.
2. Foreskin: Овој пирс се користел од римските атлети за да се одржува нивното внимание на игрите.Имало метална алка на кожичката на пенисот при што отворот се затворал т.е ја соединувал и било наречено "fibula".Ова било за превенција од ерекција.А на робовите се ставало за да се спречи половиот однос.И грците го користеле за своите атлети.Врзувале пантлика на кожичката и ја поврзувале со основата на пенисот.Ова го намалувало мрдањето,скокањето,за време на Олимписките игри,бидејќи тогаш играле голи.
3. Guiche: Мажите од Самоа го пирсале местото (месото)меѓу нивните тестиси и анусот.Ова бил ритуал на пубертет и се верувало дека ја стимулира просатата(простатната жлезда).
4. Kandoekoe: Мажите од Боронео користеле топчести направи и ги имплантирале нив во кожата на пенисот.Ова се правело така за да се стимулира вагината,и да се зголеми циркулацијата во пенисот.
5. Palang: Овој метод се ставал стап кој проаѓал низ жлездите на пенисот.Се користел за да се зголеми протокот на крвта со што отекувала жлездата.За да може ерекцијата да трае подолго и оргазмот да биде поинтензивен.Во Борнео некои жени одбивале да се мажат за мажи кои немале ставено ваков тип на пирс.Кама Сутра го препорачува ова за импотенција.
6. Rhinoceros penis: шипка која е поставена 2 прста позадиглавата на пенисот и се проектира од двете страни,за да изгледа како носорог.Овој метод потекнува од Кина и Борнео.
7. Scrotum: Француските војници го користеле за да го означат преоѓањето од деца во младинци или пак возрасни мажи.

МАШКИ ГРАДИ
Ова означувало машкост во Римската империја,се гледало како знак на храброст.

 

Општо за пирсањето и припрема пред да се изведе

Што е Body Piercing ?
Пирсањето е тоа што и ни укажува самиот збор,убод направен во вашето тело направен од игла.Најпопуларни места за пирсање се ушите,носот,веѓата и папокот.

Пирсањето не е воопшто лесно.Потребно е време и посветеност за да ја имате способноста за правилно и вешто извршување на пирсањето. Пирсерот најчесто или е самоук или или бил чирак .Чиракувањето обично трае од 6 месеци до 2 години. А тие пак кои се самоуки или учеле од прирачници или биле водени од други кои се разбираат во тоа.

За да бидете сто посто сигурни и да не сте исплашени најдобро е кога ќе се припрема мајсторот вие да го замолите да гледате како го работи тоа.А тој треба---Најпрво да си ги измие рацете и да ги стави ракавиците.Опремата треба да е стерилна како и  иглите треба да се стерилни и запечатени во нивната оригинална опаковка и сето тоа да е поставено уредно едно до друго.НИКОГАШ НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ да ви биде ставен пирсот со игла која претходно била потопена во било каква течност.После пирсањето сите игли треба да бидат исфрлени бидејќи тие се за една употреба.
Опремата треба да е истерилизирана само во сув стерилизатор или во аутоклав стерилизатор.

Како се изведува

Откако мајсторот ќе се припреми  ја припрема личноста која ќе се пирса.Се бележи местото кое ќе се пирса, се премачкува за да се исчисти и колку што е можно да се стерилизира местото.Потоа се земаат потребниот вид на клештички со кои се прицврстува кожата на местото на кое ќе се буши потоа се притиска со иглата на означеното место при што на завршетокот на иглата се прикачува пирсот така да откако ќе се избуши кожата пирсот останува на бушеното место.После тоа повторно се премачкува местото и пирсањето е готово.

Дали има крварење

По правило секое бодење на кожата треба да пушти крв,што и го има во неки видови на пирсање,но повеќето пирсање кое се врши воопшто нема крв.

Користење на пиштол за пирсање

 Според мене тоа не е добра работа .Користењето на пиштол за пирсање без разлика на кој дел од телото(уши,нос..) е непрепорачливо бидејќи тешко се стерилизира или пак некои не ни може да се стерилизираат. Друго при поставувањето(изведувањето) го повредуваат ткивото кое се пирса и на тој дел кожата потешко и поспоро заздравува. Всушност, постои опрема за изведување на пирсањето која е попрактична и побезбедна во секој случај.

Пирсање на малолетници

Вообичаена процедура е тоа дека малолетници без дозвола од родител или старател не се пирсаат.Што значи секој малолетник треба да го поведе со себе својот родител или старател кој треба да даде согласност за извршување на пирсањето и со себе да носи лична карта или пасош,  а малолетникот својата здравствена книшка.

Пирсање на гениталиите

Овај вид пирсање често се смета за најболниот и најлесно инфекцирачкиот дел од пирсањето на тело,но овие претпоставки немора да се и вистинити најпрво ако студиото е професионално и ја има сета хигиена и медицинска стерилност. Друго е тоа што кожата кај гениталиите е еластична и има природна отпорност на ткивото, бидејќи тоа се развило само по себе вардејќи се од облеката која ја носиме.Така да испирсаниот дел на гениталиите побрзо заздравува и тоа со или без компликации. Како и да е, каде и да е, пирсањето на гениталиите претставува самоизразување и поставување на сопственото тело како извор на задоволсво.

Пирсањето и бремените жени

Некои жени го оставаат и во текот на целата своја бременост,а некои и за време на пораѓањето.Што значи дека само ако им стане неудобно со пирсот кој го носат може да го извадат или пак да го заменат со некој потенок и помал како на пример Tygon (пластичен и тенок скоро како рибарска жилка).Тој ќе се прилагоди кон промените на вашето тело за да ви биде поудобно и веднаш штом ви заврши бременоста можете повторно да ставите некој од вообичаените пирсови.

Пирс на градите за време на бременост и доење

Што се однесува до пирс на пупката и за време на бременост како и за време на доење до сега не се покажала некоја негативна реакција,т.е доењето не е попречено од тоа што таа имала пирс. Значи за време на доење сите жени го вадат пирсот за да може да се одвива полесно доењето.

Грижа за пирсот после пирсањето

Рацете секогаш треба да ви бидат добро измиени, пред да го допирате пирсот првите неколку дена.Пирсот се држи со два прста и се придвижува горе долу или во круг на кој претходно сте ставиле  Solcosaryl маст или пак со Бетадин (раствор 1% за пирсевите за уста),како и солен раствор(1/2 шоља топла вода и 8 малечки лажици нејодирана морска сол),таа процедура треба да ја изведувате неколку пати на ден за време од две недели.
Односно:
             *Оралните пирсови(уста и јазик) се плакнат со антибактериска ,без алкохол течност,што значи се прави гргара околу 30 сек.до минута после секој оброк додека не заздрави пирсот!И најважно, користете нова мека четкичка за заби за да го избегнете инфекцирањето со бактерии пирсаното место.
             *Пирсеви на кожата(нос,уши,веѓа,папок).Чистете го местото со топла вода еднаш до двапати во денот,бидејќи ако го миете повеќе пати може и да го иритирате. Со претходно миените раце, во текот на чистењето, на пирсаното место, со вата или газичка нежно,полека отстранете ги сите корупки и засушена лимфа.Запомнете,при чистењето мрдајте го пирсот нагоре-надолу и избегнувајте алкохол и хидроген бидејќи ја сушат кожата.

 

Современа процедура на пирсањето

Вody piercing- от се изведува со пенетрација на остар предмет во кожата на местото на кое треба да стои пирсот.Тоа се изведува со медицинска игла(канела и игла од медицински метал),или со скалпел или со отстранување на кожното ткиво.

Стандарден метод
Овој метод се изведува со игла(стандардна игла направена од медицински метал т.е. стејнлес стил). Ш то значи со иглата се боде во кожата но не целосно се додека од едниот крај не се стави пирсот кој ќе се носи,па тогаш се продолжува со процесот.Пирсерите кои го користат овој метод кога пирсаат не отстрануваат воопшто кожа т.е. ткиво,тие прават мал отвор кој е отворен во форма на круг.Иглата мора да биде иста како пирсот или за еден бр.поголема од пирсот кој ќе се носи.Но кога пирсањето се врши врз рскавица често се користи игла два броја поголеме од пирсот кој ќе се носи,тоа така треба да биде поради тоа што треба да му се остави простор да зарасне подобро и фистулата правилно да зарасне.

Време на лечење според местото

Дали местото на пирсот има важност за времетраењето на заздравувањето? ДА,Времетраењето е различно во зависност од местото на кое се наоѓа пирсот.Подолу е наведена листа на која може да видите на кое место за кое време зараснува пирсаното место.
Уши                6 - 8 недели
Ушните рскавици      4 месеци - 1 год.
Веѓа                 6 - 8 недели
Нос                  2 -4 месеци
Усни               2 - 3 месеци
Јазик               4 недели
Пупка              3 - 6 месеци
Папок              4 месеци - 1 год.
Женски гениталии    4 - 10 недели
Машки гениталии     4 недели- 6 месеци

Значење на местото на пирсот
Местата на кои се пирсаме имаат свое значење во одртедени делови од светот.

Пирс на рскавицата на увото
Овој тип на пирсање може да го најдеме во Африка,Северна и Јужна Америка,Индонезија и Индија.Треба да ја означува убавината и богатството,моќта.Новите типови на пирсање на рскавицата се наречаени  "DIATH"   и "ROOK".

Пирс на образите
Мажите од Исланд ставале пирс на образ кога оделе да ловат китови.Со пирсањето на своите образи со стап за јадица изгледале како да имаат  бакембарди.Нивна намера било да го имитираат китот, со што мислеле дека ги големуваат шансите за успешен лов.

Пирс на уво
Овој тип на пирс бил наменет за означување на промените на животните фази на човекот како во семејството,така во општеството.

Пирс на веѓа  И NAVEL
Овие видови на пирс се користеле како ознака за кралска лоза во Египет.

Пирс на усни
И овој вид на пирс е ритуал кој го прославува преминот од детство во адолесценција,па во возрасни луѓе.А и означува знак за убавина на лицето.Доаѓа од Австралија,Нова Гвинеја,Африка,Индија, Северна и Јужна Америка и Индонезија.

Пирс на нос
Луѓето од Индија го сметаат за знак за убавина.

Пирс на септумот
Абориџините користеле коски во нивните испирсани септуми.Ова означува статус на воини.

Пирс на јазик
Маите го правеле овој вид на ритуал кога сакале да разговараат со духот на нините предци.



Дали боите бледеат?

Како се одвива процесот на тетовирање?

Дали може да се добие инфекција при тетовира-ње?

Како се чува тетоважата?



Tattoo Студиа

www.tin-tin-tattoos.com
www.boristattoo.zalaszam.hu
www.tattoo-alien.com
www.seen.tattoomagazin.com
www.horitaka.com
www.starlighttattoo.com
www.tattoobg.org
www.smokov.com
www.illuminatastigmata.com

Tattoo Списаниа
www.skinart.com
www.tattoomagazin.com
www.huber-verlag.de
www.tattoolife.com
www.internationaltattooart.com
www.skindeep.co.uk

Tattoo @zines
www.tattooartists.org
www.tattooz.net
www.vanishingtattoo.com
www.tattoos.com
www.tattoo-guide-europa.de

 
 
кон почеток