Информативни содржини
Тетоважи галерија
Најчесто поставувани прашања
Новости во тетовирањето и пирсингот
Контакт информации



Најчесто поставувани рашања:

Дали боите бледеат?

Како се одвива процесот тетовирање?
Како се чува тетоважата?
Дали може да се добие инфекција при тетовирање?
Како ја стерилизирате опремата?
Дали може да се истетовирам врз лузна?
Дали може да се тетовирам само со бела боја?
Дали правиш тетоважи кои светат во мрак?
Имам темна кожа-дали може ли да се тетовирам во боја?
Може ли да се тетовира доилка или бремена жена?
Дали има медицинска состојба која би ме спречила да се тетовирам?
Како ја стерилизирате опремата?
Дали студиото е сигурно и санитарно чисто?
Како да се заштитите од несакани последици по пирсањето?
Проблеми кои може да настанат ако имате пирс на јазик?
Дали размислувате за хигиена во таттоо студиото за кое сте одлучиле?

П: Дали боите бледеат?        
О: ДА, боите бледеат, но и луѓето исто така. Целиот проблем со перманентните пигменти е тоа дека многу од оние најдобрите не се баш најсигурни за работа со нив на луѓето(имаат некои состојки кои не реагираат исто на секоја кожа).Така да поради тоа таттоо индустријата мора да најде посигурна алтернатива.Денес користиме многу трајна боја или споро бледечки бои(дисперзии).Но во минатото не било така особено кога станувало збор за боите како што се жолтата, портокаловата и розовата.Денес Магентата сеуште не е отпорна на бледеење.Најголемо влијание врзбојата во кожата има ултравиолетовите зраци, особено оние  од сонцето.Значи, да, вашата тетоважа ќе обледнее,но никогаш нема да облед целосно.Тетоважите обледнуваат со годините бидејќи работата на пигментот од кој е составена тетоважата се подигаат нагоре со текот на годините.А вашето тело секогаш ги отфрла нагоре старите и изумрени клетки при што изумрените се делат и кожата пука и бледи истото заедно со нив и се случува и на бојата.
Тоа не значи дека треба да бегате од сонцето но треба да внимавате.Сонцето,особено голема изложеност на него ќе ти ја обледи тетоважата (со исклучок на црната) отприлика за истото време за колку што и треба на самата кожа да се обнови.Исто така важно е тоа ако ви ја правел професиналец тетоважата се разбира подолго ќе трае т.е. поспоро ќе бледее,за ралика од аматер направена тетоважа може за многу кратко време да избледее.
Често слушам оваа тетоважа ми е стара 6 години и треба пребојување”.Тоа не би се случило ако таттоо мајсторот ја сработел добо својата работа или ако  сте се сончале или пак за време на заздравувањето сте ја извалкале или сте ја наводенале.
Препорачувам првите два месеци откако сте се истетовирале да не се сончате,особено ако таттоо мајсторот користел неоргански бои бидејќи може да дојде до фотохемиска реакција пред тетоважата и прописно да се залечи.
Не велам дека сонцето нема да ја избледи тетоважата особено ако имате нежна,тенка кожа или ако имате многу боја која не е поткрепена со црна.А кога црната боја ќе постане зелена тоа значи дека вашата кожа остарела повлекувајќи ја со себе и товажата. Затоа поведете грижа  за вашата кожа, бидејќи на тој начин се грижите и за вашата тетоважа.
Статистички ако се е направено како што треба додека сте ја правеле а и подоцна грижата околу неа,тогаш таа треба да трае 15-20 години се додека не ви затреба добојуање, но навистина тешко е да се одговори со прецизност бидејќи не само што боите со кои тетовираме се нови(ефектот ќе го знаеме 10-15 години подоцна),како и тоа што секој тип на кожа која што се тетовира е различен.

П: Како се одвива процесот тетовирање?
О: Кога веќе сте се одлучиле за дизајн како и за цената или ќе започнете веднаш со тетовирањето или пак ќе се договорите за закажаниот термин кога ќе треба повторно да дојдете.При закажувањето од вас ќе се бара да носите лична карта или пасош,а ако се работи за малолетник здравствена книшка од малолетникот и лична карта од родител при што е потребно родителот да дојде во придружба.
Кога ќе дојдете на закажаниот термин артистот т.е таттоо мајсторот ќе ја има веќе припремено сликата за вашата тетоважа, тој/таа веќе работеле на усовршување на деталите по ваш вкус и желба.Ако се согласите околу сликата, артистот ќе ви ја исчисти кожата околу местото каде што ќе стои сликата или ако е потребно ќе ви го избричи и ќе ви ја премачка кожата со пресликувачки сапун, најчесто тоа е специјален сапун. Потоа ја зема паус хартијата на која е нацртана сликата и ви ја става на кожата.Откако ќе ја тргне нацртаните контури од сликата ќе се појават на вашата кожа, што значи се пресликала.Ќе ви даде огледало за да проверите дали ви се допаѓа местото или ќе треба да се преместува.Веднаш штом сте се согласиле околу ова мајсторот ќе започне со спремање на просторијата каде што ќе се врши тетовирањето т.е. со опремата потребна за тоа тетовирање.После тоа мајсторот со потребните бои за тетовирање ќе ги наполни тубичките кои се за една употреба и исто така ќе ја спреми машинката т.е ќе ја намести стерилната игла за една употреба(многу е важно иглата да е отпакувана пред вас).А вие најверојатно ќе ја чувствувате најголемата возбуда на светот,ќе чувствувате како адреналинот врие во вашите вени,затоа не заборавете треба да се опуштите и релаксирате.Седнувате на столчето и тогаш се започнува.Сте влегле веќе во светот на чудната магија на тетовирањето, ја слушате како работи машинката и тогаш артистот ќе ви каже дека е спремен да почне со работа.Сега артистот  ќе макне со иглата во тубичката со боја и ќе започне да работи на контурата на тетоважата .Запомнете секое ваше движење може да предизвика артистот да направи грешка, затоа,ПРЕД да мрднете прашајте го артистот.Некои луѓе разговараат со артистот цело време за да не мислат на тетовирањето.Можно е некој од артистите и да не ви врати со разговор бидејќи сака да се концетрира на својата работа која зависи од него како и неговото реноме.Бидејќи некои луѓе неможат да издржат седејќи за време од еден саат тетовирање најдобро е да се побара пауза од артистот.
Штом ќе ја заврши тетоважата артистот ќе земе огледало и ќе ви ја покаже како изгледа.Бидејќи после тоа ќе ја премачка со пентанол маст и ќе ја покрие со специјална газа која нема да ја исуши тетоважата, ниту да се залепи за неа.Откако ќе го направи ова ќе ви објасне како да се грижите за тетоважата после тетовирањето.

П: Како се чува тетоважата?
О: Тетоважата е една од најдинамичните симболи кои те изразуваат затоа е многу важно да се ослониш на советите кои ќе ти ги каже мајсторот за да си ја овозможиш најдобрата заштита на тетоважата, со што ке и го продолжиш животот.
Изгледот на тетоважата зависи од грижата која ти ќе и ја посветиш првите неколку дена. Држи ја тетоважата покриена со газата 2 саата, после тоа извади ја газата полека.Ако газата е залепена за твојата кожа, не грижи се, почни да ја водениш газата со ЛАДНА вода, не топла, не млака вода, и полека пробај да ја извадиш газата. Ако газата сеуште се лепи продолжи со воденењето на газата се додека не можеш лесно да ја извадиш.Веднаш штом ќе биде газата извадена темелно измиетеја вашата тетоважа со медициски сапун(не грбете,не тријте).Сето тоа што е на површината останато измије го добро полека нежно и исплакнете ја тетоважата без да оставите воопшто од сапунот.

  • Не нанесувајте вазелин,хидроциклин или парафинска маст.(Сите наведени продукти содржат  маст која се здрвува и ги затвара порите со што залекувањето  е поспоро и отежнато, а исто тала имаат уште некоја состојка која и ја извлекува бојата од кожата.)
  • Не нанесувајте алкохол, бидејќи тој ја суши кожата
  • Не ја тријте, ниту пак да ја чешате тетоважата.Со чисти раце нанесете тенок слој од Tattoo Goo, или Tattoo Solution, или пак првите 24 часа со gentamicin, а после тоа тенок слој на Јекодерм(Јековит),а најважно е да не ја оставате да се исуши кожата.Продолжете да ја мачкате тетоважата се додека не престане да се лупи.
  • НЕ ја прекривајте со ништо, вашата тетоважа треба да диши, што значи треба да биде намачкана само со тенок слој на маст инаку заздравувањето ќе трае подолго.Со прекривањето можете да ги затворите порите и да предизвикате напукнување на кожата т.е тетоважата, со што сте направиле раничка која ќе се познава и кога ќе заздрави тетоважата.Запомнете:не ја оставајте да се исуши па макар тоа значело и да ја мачкате и по 10пати на ден.
  • Тетоважата ќе си створи слој од исушена кожа,така да вие треба да и дозволите на таа кожа самата да си одпадне!
    • не ја гребете тетоважата;
    • никако не ја изложувајте на сонце два месеци;
    • немојте да пливате(да не одите на капење во нечиста вода - езеро, река, море и базен) една недела
    • немојте да се задржувате во кадата,во џакузи или во сауна

П: Дали може да се добие инфекција при тетовирање?
О: Постојат митови и приказни поврзани со тетоважите и тетовирањето кои се безбројни и ги опфаќаат разните култури,раси и религии. А пак кога ќе се осврнеме кон минатото ќе забележиме дека и скоро да нема народи кои во својата историја немале нешто поврзано со тетовирањето.Така да и сега, во денешно време, се повеќе се враќа заинтересираноста за тетовирањето, што повлекува многу прашања, а со тоа и “совети” кои излегуваат од многу извори. Многу луѓе слушаат совети од втора рака така да и вие кои го читате ова сигурно сте чуле многу “факти” kako за тетовирањето така и за проблемите и можните инфекции.
А сега моја задача е да ви помогнам и објаснам која е поврзаноста меѓу тетовирањето, болестите и инфекциите. Од оваа гледна точка на вас читателите не ви се јасни многу работи во врска со настанувањето на инфекциите, дали треба воопшто да се грижите или само кога ќе ве се затекнете во процедура во која има протек на телесни  течности надвор од вашето тело.Тука не спаѓаат како такви процедури само тетовирањето,туку и пирсингот, земањето на крв, хируршка интервенција, дури и тука спаѓаат и процедурите кога сте кај вашиот доктор или заболекар.Најголема загриженост предизвикуваат хепатитисот(и тоа тип Б и тип Ц) и ХИВ,но ги има и уште околу 22 други видови на болести кои можат да се пренесат со невнимателност(сифилис,туберкулоза,маларија и др).
Многу работи треба да тргнат на лошо за да може да се инфицирате.Како прво,треба да сте биле изложени на вирусот додека тој сеуште бил жив.Па, треба да постои влез во твоето тело како на пример распукана кожа,сексуален контакт, инјектирање(инекција) или кој било друг процес каде интегритетот на вашето тело е разорен.

Најголема заинтересираност побудува Хив т.е. СИДАта. Иако овој вирус работи “паметно”, го напаѓа имунолошкиот систем со што му оневозможува на истиот да се брани,на прашањето дали ќе се заразат муштеријата и мајсторот доколку претходно некој бил тетовиран кој веќе е носител на овој вирус,одговорот е НЕ.
За да се пренесе сидата потребна е одредена количина крв во која би живеел вирусот(најмалку 0,01мл=2 капки).Во тетовирањето кај професионалец не тече крв, туку само лимфа која многу брзо се суши за да може вирусот да опстои во неа. Во светската пракса проценети се шансите на 1:200 x 250 т.е 1: 50.000,дури и тоа не е важно бидејќи сега во ова време на нови напредни стандарди за тетовирање секој професионалец не може, а и не смее да згреши, бидејќи по секое тетовирање употребената игла се фрла, а за секое наредно се употребува нова стерилна игла.
Најлесно пренослив вирус преку размена на флуиди е Хепатитот, особено Хепатитот Б. За да се спречи преносот на овој вирус треба не само да се почитуваат медицински пропишаните правила за заштита туку трба и секој таттоо мајстор да се вакцинира со вакцина против Хепатит Б. А што се однесува до другата превентива мајсторот треба да користи хируршки ракавици за една употреба, тубите и иглите мора да се истерилизирани во сув или аутоклав стерилизатор, а не како некои што ги вријат во вода или користат само ултразвучна или стерилизатор со  ултравиолетови зраци.

ЗАПОМНЕТЕ: Без извинување прашајте за иглите дали се за еднократна употреба т.е. дали новите игли се стерилни.А сето ова е за ваша заштита бидејќи Хепатитот е многу поопасен вирус од ХИВ.Аза тоа има две причини, и тоа бидејќи е многу тешко да се убие вирусот на Хепатитот, тој прави спори кои можат независно да прживеат надвор од организмот за неколку недели. Спорите можат да се убијат само на стерилизација со сув стерилизатор на температура од 180 степени за време од еден час или со аутоклав на температура од 121степен за 30 минути.Секако аутоклавот е подобар бидејќи прави притисок во комората и вирусот побрзо умира. Но за нашите интереси не е важно да знаеме колку време точно траат вирусите бидејќи целта е да претпоставиме дека се е стерилно чисто и дека се внимавало во превземањето на превенција во трансмисијата на вирусите. Универзалните средства за предпазливост ни предвидуваат секогаш предпоставки за време на вашето тетовирање или пирсање дека се е можен извор на инфекции.
Мајсторите треба многу да внимаваат со вирусите бидејќи се многу опасени, доколку тој се боцне додека тетовира, ако не е вакциниран со вакцина против Хепатит Б  многу сигурно е заразен од хепатит.Според интернационалните статистики секој петти таттоо мајстор е заразен со Хепатит од невнимание,па затоа внимавајте.Во Македонија Хепатитот е доста проширен порадизголемениот број на нарко зависници затоа мора и клиентите да се доста внимателни и секој носител на Хепатит кој сака да се тетовира да му каже на мајсторот за да тој добие посебно внимание.
Затоа ЗАПОМНЕТЕ дека секоја игла за тетовирање треба да е нова и стерилна,мајсторот треба да е вакциниран и секогаш да носи ракавици е тогаш нема да има проблем за вас.Исто така треба да се води грижа за тубичките, бидејќи тие се стерилизираат пред секоја употреба,а пред да се стерилизираат тие мора да бидат исчистени во ултразвучна кадичка.Значи вие треба да го знаете сето ова пред да се тетовирате и не треба да се срамите да го прашате мајсторот на студиото во кое ќе одлучите да се тетовирате, тој е таму да ви помогне и да ви објасне бидејќи треба да го знае сето ова,а доколку и тој не знае да ви објасне тогаш не ве советуваме да се тетовирате кај тој “мајстор”.
Сега кога знаете нешто повеќе за вирусите да се навратиме малце на нашето прашање: тетовирањето и инфекциите.Значи вие веќе се наоѓате во студиото и веќе сте спремни да се тетовирате или пирсате,а од тоа што прочитавте погоре знаете дека единствено можете да се инфицирате ако дојдете во контакт со инфицирана крв или телесни течности, што значи ако се користат во тоа студио УНИВЕРЗАЛНИТЕ СРЕДСТВА ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ единствени телесни течност и крв на кои ќе бидете изложени се вашите.Значи ако не бидете изложени на ничии други телесни течности тогаш вие не можете да настрадате.
      А во Македонија со сигурна гаранција е единственото студио СКИН АРТ т.е. Игор Механджијски кој е член на Инернационалното Здружение ALLIANCE OF PROFESSIONAL TATTOOISTS  кое ги контролира и едуцира луѓето кои тетовираат, а со тоа и гарантира дека сите членови на тоа здружение работат според нивниот правилник. Затоа при влегување во студио слободно прашајте каде научил и од каде знае човекот што тетовира како да не Ве зарази со некоја болест.
 
Овој текст не е тука да ви одговори се туку да ви стане јасно дека тетовитањето не е само “јас ја имам најдобрата опрема за тетовирање имам локал и сум најдобар таттоо мајстор”, туку многу повеќе од тоа.

Нека овој текст ви послужи како поттик за да си најдете добар таттоо мајстор кој знае што и зошто го работи тоа!

П: Како ја стерилизирате опремата?
О: Се користи стерилизатор (сув-стерилизатор и аутоклав – стерилизатор) стерилизацијата е обавезна иако се користат игли и др. Материјал за прв пат.Ултрасонична кадичка и ултра виолетов стерилизатор не се користат за стерилизирање на таттоо опремата и секако не е гаранција ако само се провријат алатите во некое тенџерче .Бидете внимателни стерилизацијата е најголемиот гарант за вашата безбедност при тетовирање.Некои артисти користат стерилизатор и пред тетовирање запомнете стерилизацијата е процес кој трае до 1 час во зависнос од cтерилизаторот што го има студиото но немојте да ве лажат дека некакви течности стерилизираат или дека стерилизацијата е 10 мин.тоа не е вистина.Ако стерилизацијата постои како во СКИН АРТ и е дигитална тогаш опремата ке биде спремна за отприлика 30 мин. Од кои 3,5 мин се серилизира а потоа се доспрема стерилната опрема.

П: Дали може да се истетовирам врз лузна?
О: Да,иако треба да се размисли за некои работи кога ќе одлучиш да се тетовираш. Најпрво, тетоважата треба да биде најмалце две години стара за да можеш да се тетовираш, ова време е доволно за лузната потполно да заздрави и да се регенерира. Втора работа е тоа што за прекривање на лузни најдобро е да се работи тетоважа со сенки. Не дека теоважа во боја или пак црн трајбал нема да ја покријат, таа ќе биде покриена, но сепак може да се познава линијата и да дели, а тоа не е целта на покривањето. Кога се работи со сенка,(на пр. Крилја во сенка) сенката го одвлекува вниманието на окото од лузната и таа не се приметува. И на крај лузната можно е да не ја прифати таттоо бојата како и секоја нормална кожа, може да ви треба да дојдете повторноза уште едно полнење на тетоважата за да може врз лузната да се пополни убаво сликата.Во SKIN ART гарантираме покривање на секаква лузна. Сме го правеле тоа и не е никаков проблем.

П: Дали може да се тетовирам само со бела боја?
О: Да,можеш,но само ако бојата на кожата ти е светла.Тоа ќе биде мал контраст, и тетоважата слабо ќе се гледа.А ако сакаш да има голем ефект, би рекол зошто да не?Но, зошто да ги трошиш парите и да го пребродиш сиот процес на заздравување на тетоважа која со текот на времето едвај ќе се познава? А ако си со потемен е, тогаш белата набрзо ќе биде покриена со пигментот на твојата кожа.Белата е повоочлива кога покрај нејзе има и друга боја во тетоважата затоа најубаво е белата да е комбинирана барем со сенка ако друга боја не ви се допаѓа.

П: Дали правиш тетоважи кои светат во мрак?
О: Не и не постојат такви тетоважи.Но сега е најатрактивен стилот на флуро таттоо кој го постига сличниот ефект но при осветлување на флуро тетоважата со флуросцентна неонка.

П:Имам темна кожа-дали може ли да се тетовирам во боја?
О: Се разбира дека може да се тетовирате во боја, но вам некои бои ќе ви излезат бледо.
Кожата на сите ни е различна, во суштина тетоважа во боја на темната кожа ќе изгледа фантастично првите две-три недели, а после тоа нов слој на твојата кожа ќе се појави.Всушност тоа е пигментот на твојата заздравена кожа, кој со текот на времето ќе зајакнува, а твојата тетоважа се помалце ќе се познава.Сините и пурпурните нијанси ќе изгледаат безживотно, а белата и жолтата може да избледат повеке.Боите кои се мешани со бело слабо ќе се познаваат,а ефектите кои се правени врз кожата може da se минимални. Ако вашата кожа е многу темна, најсигурен начин и најдоро што ќе изгледа тетоважата е да користите црна и црвена боја. Црвената нема да биде онаа истата како што ја гледате во шишето туку ќе се промени според вашата кожа, а за цената нема проблем

П: Може ли да се тетовира доилка или бремена жена?
О: Не се препорачува бремена жена како и доилка да се тетовираат,а исто така тоа е многу невообичаена работа да се тетовита додека го носиш бебето или пак додека го доиш.Проблемот може да настане во квалитетот на тетоважата.Додека е бремена жената,нејзиноtо тело работи прекувремено и тетоважата највројатно ќе заздрави поспоро што можеби и ќе резултира со бледа тетоважа.Исто така многу жени се здебелуваат додек се бремени,а подоцна го симнуваат вишокот.Тоа на тетоважата ја развлекува.Додека дои,пак, телото на доилката произведува антитела кои треба да му се пренесат на бебето.Така да ако се тетовира додека дои,покрај големиот број антитела тетоважата споро ќе заздравува,a  мoже да излезе бледа.ЗНАЧИ, ако толку многу сакате да се тетовирате, тогаш најдобро е да почекате да завршите како со бременоста, така и со доењето па да се тетовирате.
Но ако сепак сте решиле да се тетовирате тогаш треба да се консултирате како со вашиот доктор така и со таттоо мајсторот.

П: Дали има медицинска состојба која би ме спречила да се тетовирам?

О: Ако имате заразена крв со ХИВ, СИДА, или ХЕПАТИТИС вие сте обавезни да го известите таттоо артистот.А ако имате Хемофилија не смеете да се тетовирате.Болести како дијабетисот, епиепсијата или некои срцеви проблеми не се за занемарување,значи ако боледувате со некоја од нив пред да се тетовирате треба да се консултирате со таттоо мајсторот.

П: Како ја стерилизирате опремата?

О: Се користи стерилизатор (сув-стерилизатор и аутоклав – стерилизатор) стерилизацијата е обавезна иако се користат игли и др. Материјал за прв пат.Ултрасонична кадичка и ултра виолетов стерилизатор не се користат за стерилизирање на таттоо опремата и секако не е гаранција ако само се провријат алатите во некое тенџерче J.Бидете внимателни стерилизацијата е најголемиот гарант за вашата безбедност при тетовирање.

П: Дали студиото е сигурно и санитарно чисто?

О: Body piercing-от во некои држави е регулиран ,а во некои сеуште не, таков е случајот и кај нас ,но ние со сета расположлива сила и знаење се трудиме да се држиме во чекор со тие земји во кои е регулирано тоа и да бидеме одлични студија.Иако сите студиа се трудат да ја обезбедат чистотата и санитарно здравата околина,некои не ги превземаат сите потребни мерки против инфекции и другите опасности по здравјето.

Ако сте одлучиле да се пирсате,бидете малце детективи и испитајте за процедурата и за тоа што нуди и како ја обезбедуваат сигурната заштита различните студиа.Што е најважно сите треба да имаат аутокалав стерилизатор и инструментите треба да бидат стерилизирани, а ако не ви е јасно поставувајте прашања и разгледајте,како на пример:
*дали студиото е чисто,
*дали пирсерот носи штотуку ставени ракавици за една употреба,
*дали се истерилизирани инструментите кои ги користи
*осигурајте се дека за извршување на пирсањето не користи пиштол за бушење,
*иглата што ја користи е стерилна или е штотуку отворена,
*иглата ја фрла во корпа за отпадоци веднаш после употребата особено ако е канила.

Исто така е добро да прашате каков вид на пирсеви користи, бидејќи некои луѓе се алергични на одредени типови на метали.Затоа пред да се пирсате осигурајте се дали сте алергични на носењето на одреден тип на метал.Метали кои не имаат токсички материи во нив и кои треба да се користат за пирсање се:

*хируршки метал (или стејнлес стил)
*14 или 18 каратно злато
*ниобиум
*титаниум
*платина

Ако студиото не одговорил задоволително на прашањата,најдобро е да одите во друго студио кое би ги задоволило сите критериуми!

П: Како да се заштитите од несакани последици по пирсањето?

О: Заштитата уствари и не е многу тешка,нема потреба од бдеење над пирсот секојдневно и добро е што нема потреба од грижи ако го чистите регуларно како што ви препорачал мајсторот.

  1. Немојте да употребувате Алкохол или Пероксид за чистење на местото. (Тие ја сушат вашата кожа) Запомнете дека на почетокот не се става били кој пирс туку исклучиво титаниум бидејки Бетадинот ке го нагризе металот.
  2. По пирсањето добро заштитете го местото Бидејки може да го закачите или удрите со што ке има можни последици.
  3. Пирсаното место заштитете го и од контакт со кожа на други луѓе,со било кои течности кои не се препорачливи(забрането е да се има орален секс ако имате пирс на било кој дел од усните или јазикот).
  4. Нека ви бидат чисти или исчистете ги сите предмети кои ке дојдат во допир со пирсаното место.(на пример ако имате пирс на уво внимавајте на телефонската слушалка да не е прљава,ако сте испирсани на веѓа внимавајте на наочарите да не дошле во контакт со некое прљаво или инфективно сретство,ако се шминкате а имате пирс било каде на лицето внимателно покриј го пирсот со ханзаплас па после шминкајте се.
  5. Фармерките можат да предизвикаат алергија ако имате испирсано папок па се препорачува да се носи платнена облека за првите недела дена(најубаво е да биде памучна облека)
  6. Исто ако имате испирсано папок немојте воопшто да носите ништо околу половината(каиш,марами,ланчиња и др.)
  7. Пирсот каде и да е не се покрива со ништо за време на заздравувањето освен за минут до два ако треба да се заштити пред чистење и др. - воздухот ке придонесе на кожата поубаво и побрзо зараснување.
  8. Секој ден да се проверува пирсот да не се разлабавил или да не сменил боја посебно да се внимава со пирсот на јазик како би спречиле да не го голтнете топчето или да не си скршите некој заб.
  9. Немојте да се бањате во базени или било кое јавно место за бањање додека пирсот не зарасне.
  10. Пирсот на јазик внимателно треба да се  чисти после секое јадење и пиење.
  11. Не ја користете истата четкичка за заби земете нова така е по хигиенски.
  12. Посетете го забарот по пирсањето на јазик да не дојде до поцрнување на забите тогаш пирсот треба да се смени ако металот не одговара.
  13. Јадете здрава храна со витамини,Витамините ке омгнат кожата да заздраве побргу.
  14. Внимавајте на знаците за инфекција доколку има било што од следново јавете се на местото каде што сте се пирсале – црвенила,потеченст,лоша миризба на кожата,белина околу пирсот,топлина на кожата или температура.
  15. Ако мислите дека имате инфекција немојте да пробувате да ја лечите самите туку посетете било кое здравствено лице,но најубаво е да се вратите на местото каде што сте се пирсале или да отидете кај друг мајстор што пирса.

П: Проблеми кои може да настанат ако имате пирс на јазик?

О: Пирсевите за јазик,особено завртките(studs) се многу јаки,цврсти,некои од нив се многу големи така да може да предизвика пукнатина илиодрон на забите или короната на забите.

Исто така бидејќи устата е извор на многу бактерии треба да се земе антибиотик(се разбира со консултација на вашиот матичен заболекар) и ако земате некои антибиотици за расипаните заби или некој процес којви се одвива во усната празнина тогаш најдобро е да причекате со пирсањето на јазикот.

Ако има оток најдобро е да користите ладни пијалоци или мраз за да спадне отокот.Бидејќи изгледот на јазикот и големината  ќе се променат внимавајте со јадењето и тоа како го движите јазикот за да не го проголтате случајно пирсот.Ќе се чуствувате некоординирано започеток во устата но тоа набрзо ќе пројде.Користете нова четкичка за заби,по можност мека.

П: Дали размислувате за хигиена во таттоо студиото за кое сте одлучиле?

О: Типови на тетовирачи(се наречени така бидејќи неможе да бидат наречени поинаку) денес овде,утре на друго место или домашни мајстори(кои најверојатно се почетници) ги има многу и треба да се плашите од нив.Бидејќи да се има сопствен простор(дуќан) каде што ќе се работи е непобитен факт кон чисто и стерилно завршена услуга. Всушност тоа побудува чувство на стабилност и сигурност и ги охрабрува луѓето да ја стават нивната верба во вас.
Правилна услуга е возможна во хигиенски исправна и прозрачна просторија, едноставна за чистење и дезинфекција, исправна работна површина, лежај(креветче), столица и сето тоа доведува до тоа да е идеална за одржување на чист простор и воздух.
Идеално за таттоо студио е да имате три,т.е. четири оделни сектори: чекална(најголемиот сектор каде се врши избор на тетоважа),работен дел(се дели на два сектора.Првиот каде што се се припрема, машинките и другиот дел од опремата се стерилизира и се спрема за работа и вториот дел таму каде што се врши тетовирањето), и последниот сектор купатило.Најважно е тоа првите два сектора да бидат прозрачни,а сите меѓусебе добро разграничени,дури и првиот сектор по можност со параван или како оделна просторија да е ограден.

Ако веќе сте одлучиле да се тетовирате, испитајте за процедурата и за тоа што нуди и како ја обезбедуваат сигурната заштита различните студиа.Што е најважно сите треба да имаат аутокалав стерилизатор и инструментите треба да бидат стерилизирани, а ако не ви е јасно поставувајте прашања и разгледајте,како на пример:
*дали студиото е чисто,
*дали таттоо мајсторот носи штотуку ставени ракавици за една употреба,
*дали се истерилизирани инструментите кои ги користи
*осигурајте се дека за тетовитањето користи оригинал и нештетни по здравјето бои,
*иглата што ја користи е стерилна или е штотуку отворена,
*иглата ја фрла во корпа за отпадоци веднаш после употребата.

Нема оправдание за валкано работење ниту за инфекции,без разклика чива грешка или вина е тоа.Работата на таттоо мајсторот е процесот на неговата работа да го одржува стерилен а исто така да му објасне на својот муштерија како да ја одржува тетоважата чиста и како да внимава на неа додека таа заздравува.

 



Дали боите бледеат?

Како се одвива процесот на тетовирање?

Дали може да се добие инфекција при тетовира-ње?

Како се чува тетоважата?



Tattoo Студиа

www.tin-tin-tattoos.com
www.boristattoo.zalaszam.hu
www.tattoo-alien.com
www.seen.tattoomagazin.com
www.horitaka.com
www.starlighttattoo.com
www.tattoobg.org
www.smokov.com
www.illuminatastigmata.com

Tattoo Списаниа
www.skinart.com
www.tattoomagazin.com
www.huber-verlag.de
www.tattoolife.com
www.internationaltattooart.com
www.skindeep.co.uk

Tattoo @zines
www.tattooartists.org
www.tattooz.net
www.vanishingtattoo.com
www.tattoos.com
www.tattoo-guide-europa.de

 
 
кон почеток